Back to Повлекување на недемократските измени на Законот за електронски комуникации

Благодарност за поддршката за напорите за заштита на приватноста

Почитувани поддржувачи на каузата за заштита на приватноста,

Со благодарност за искажаната поддршка, накратко да Ве известам дека Повикот за повлекување на недемократските законски измени беше доставен до Собрание, Влада, Министерство за транспорт и врски и Делегацијата на ЕУ во петокот. http://bit.ly/avFTaq

Иако не беше никаде објавено, како што и немаше организирано јавни консултации од страна на властите, неофицијално дознавме дека за измените ќе бидат ставени на дневен ред во Собрание во понеделник, па сметавме дека повикот заедно со стручните мислења на хартија мора што побрзо да се достави до сите 120 пратеници, премиерот и министерот-предлагач.

За многу кус рок од 2-3 дена повикот го поддржаа 16 угледни и разнородни НВО и над 250 индивидуални граѓани, меѓу кои и видни интелектуалци. Бројот на поддржувачи продолжува да расте и по е-пошта и преку каузава на Фејсбук, на која веќе се приближува до 300.

Доколку сметате дека и Вашите пријатели треба да придонесат во напорите за промена на нашето општество кон подобро, поканете ги да се придружат.

За информирање и координација продложиме да ја користиме мејлинг листата за приватност на Метаморфозис како примарно средство и каузава како секундарно, за да им биде поудобно на многубројните корисници на Фејсбук. Ако сакате да се приклучите на мејлинг-листата, испратете порака по е-пошта на info[мајмунче]metamorphosis.org.mk.

Топли поздрави,
Филип

to comment